Поддршка за родителите за темите од сеопфатното сексуално образование

Добредојдовте на нашата платформа каде обезбедивме важни ресурси и насоки за да им помогнеме на родителите да навигираат низ предизвиците на сеопфатното сексуално образование на младите.

Добивај ги сите нови ресурси на мејл

Пријави се да ги добиваш редовно сите нови информации, водичи и алатки што континуирано ги подготвуваме за родителите.

видеа

Истражи ги посебните теми на ССО

Дознај повеќе за секоја тема преку насоките на професионалци од областа, психолози, педагози, доктори, социјални работници, но и родители кои ги делат истите предизвици.

Околу 80% од младите на 15 години се вљубени, а 35% од нив кога се вљубени посегнуваат по ризично однесување.
Младите преку социјалните медиуми секојдневно се изложени на притисок за “идеално тело”.
Бројот на малолетнички бремености е 3 пати поголем во Македонија, за разлика од земјите во Европска унија.
Над 60% од девојчињата на 15 години чувствуваат некаков психосоматски симптом.
За правото на пристап до информации, доверливи услуги, приватност, телесен интегритет и лична автономија.
Родителот е примарен едукатор за сите теми, вклучително и темите врзани со сексуално и репродуктивно здравје.

Родителите за „Родителска“

Прочитај што родителите имаат да кажат за нашата платформа

ЧПП

Често поставувани прашања

Најди ги одговорите на често поставуваните прашања во врска со сеопфатното сексуално образование.

Сеопфатното сексуално образование ги учи децата да го познаваат и прифаќаат своето тело, да се грижат за своето здравје и безбедноста, но и за здравјето на другите. ССО придонесува децата да бидат подобро подготвени да се справат со сите прашања и предизвици што ги носат пријателските и љубовните врски.

Преку ССО младите ги преиспитуваат и напуштаат предрасудите и табуата што постојат во општеството поврзани со разни аспекти на социјалниот, емотивниот и сексуалниот развој на луѓето. Така, младите увидуваат дека треба да имаат емпатија и почит кон сите луѓе без разлика на нивната различност по пол, род, социјален статус, етничка припадност, попреченост или која било друга основа.

Да бидеме на чисто – сеопфатното сексуално образование не е подучување за сексот и за сексуалните односи.

Голем број истражувања покажуваат дека кога децата имаат сексуално образование, подоцна стапуваат во прв сексуален однос (WHO, Currie et al, 2012) и се намалува ризичното однесување со што се намалува бројот на малолетнички бремености и сексуално преносливи инфекции (Haldre, Part, Ketting, 2012).

Покрај здравствените, ССО има и други социјални и емоционални придобивки за развојот на децата. На пример, ССО помага децата да градат здрави интимни врски кои се засноваат на почит и заемна согласност. Таму каде што ССО е вклучено во образованието, се намалуваат насилството меѓу врсниците и омразата врз лицата кои се со различна сексуална определба (Bachus et al, 2010).

А кога ССО се изучува континуирано, позитивно влијае и врз емпатијата кај младите, им ги подобрува вештините за комуникација и им ја зголемува самодовербата.

Сексуалното образование во училиштата денес ни е повеќе од неопходно бидејќи дава точни одговори на сите прашања што ги мачат младите во врска со сексуалноста – за разлика од интернетот, каде што информациите се многу лесно достапни, но често неточни и штетни.

Со предлог-концепцијата за основното образование се предвидува сексуалното образование да биде изборен предмет. Ова значи дека ќе го учат само оние деца чии родители се согласни за темите и содржините што ССО ги опфаќа. Притоа, темите и содржините ќе одговараат на возраста и на развојот на децата, согласно техничките препораки на УНЕСКО.

Така, ХЕРА и Бирото за развој на образованието развија пилот наставна програма за сексуално образование за деца на возраст од
13 до 15 години.

На потребата од системско изучување на ССО укажува и Организацијата на обединетите нации (ООН), чии комитети во многу наврати сигнализираат дека учебниците ни се застарени, дека младите имаат ограничен пристап до информации за сексуалното и репродуктивното здравје и дека наставниците мора да се вклучат во справувањето со сеприсутните родови стереотипи. А како потписник на меѓународните конвенции и декларации за човекови права на ООН, Македонија има и тоа како обврска да ги помрдне работите од мртва точка.

Така, на пример, кога зборуваме за родово базираното насилство, децата на возраст од 5 до 8 години учат само како да го препознаат овој вид на насилство меѓу врсниците и дека треба да му се обратат на возрасно лице во кое имаат доверба. Децата на возраст од 9 до 12 години учат дека сите форми на врсничко родово базирано насилство се погрешни и дека преставуваат кршење на човековите права. А оние поголемите, на возраст меѓу 12 и 15 години, учат дека сите форми на насилство од страна на возрасните или луѓе на позиција на моќ се косат со човековите права и каде можат да побараат поддршка од други лица или институции во системот.

Преку ССО со младите се разговара и за еднаквоста на луѓето, за последиците од дискриминацијата и за насилството меѓу врсниците, во интернет просторот и во партнерските односи. Учи како да го препознаеме насилството навреме, како да се заштитиме и каде да го пријавиме. Се разговара и за тоа какви сѐ различности постојат меѓу нас, и зошто е потребно државата да обезбеди рамноправност на сите граѓани.

Сексуалното образование учи како да се заштитиме од сексуално преносливи инфекции или непланирана бременост, како правилно се употребува кондом и каде може да се обратиме и побараме помош доколку имаме прашање во врска со сексуалното и репродуктивното здравје. 

За сите компоненти на ССО подетално запознајте се на https://seksualnoobrazovanie.mk/

Родителска е иницијатива на ХЕРА, посветена на поддршка на родителите во навигација на важните, а понекогаш и предизвикувачки разговори за сеопфатното сексуалното образование во рамки на семејството.

Нашата мисија со Родителска е да им обезбедиме на родителите ресурси и доверба што им се потребни за ефективно да комуницираат со своите деца на теми поврзани со сексуалното образование. Ние разбираме дека секое семејство е уникатно и нашата цел е да понудиме разновидна палета на материјали кои одговараат на различни потреби и преференции.

Родителска ќе понуди обемна колекција на ресурси, прецизно подготвени и од светски и од локални експерти од областа на педагогдијата, психологијата, социјалната работа, медицината. Овие ресурси се достапни во повеќе формати за да се обезбеди пристапност и леснотија на користење.

Свесни сме дека родителите се најважната алатка во развојот на децата за време на пубертетот. Родителите се првите кои се грижат децата да станат здрави личности: сакаат да си ги утешат децата кога се вознемирени, да ги охрабрат во љубопитноста, да им помогнат кога чувствуваат здравствени проблеми или кога стекнувањето пријателства и врски не им оди од рака.

ССО би било продолжена рака на родителите во воспитувањето тогаш кога на децата им е полесно да зборуваат за некои прашања меѓу своите врсници.

Родителска ќе понуди обемна колекција на ресурси, прецизно подготвени и од светски и од локални експерти од областа на педагогдијата, психологијата, социјалната работа, медицината. Овие ресурси се достапни во повеќе формати за да се обезбеди пристапност и леснотија на користење. Достапните материјали ќе вклучуваат:

  • Видеа: Ангажирани и информативни видеа кои покриваат широк спектар на теми, дизајнирани да иницираат и поддржуваат разговори во семејството.
  • Брошури: Лесни за читање летоци кои обезбедуваат брзи и вредни увиди за одредени теми поврзани со сеопфатното сексуално образование.
  • Образовни материјали: Сеопфатни водичи и документи кои навлегуваат подлабоко во различни аспекти на сексуалното образование, приспособени за различни возрасни групи.
  • Чеклисти: Практични листи за проверка кои им помагаат на родителите да ги следат важните точки и пресвртници во разбирањето на нивното дете.
  • Подготвени теми и прашања: Списоци на теми и прашања за да се олеснат отворените и искрени дискусии, осигурувајќи дека родителите можат ефективно да се справат со љубопитноста и грижите на своето дете.

Од голема помош ни се фидбекот и придонесите од родителите и експертите. Доколку имате предлози или материјали за кои мислите дека ќе бидат корисни за нашата заедница, ве молиме контактирајте не преку веб-страницата. Во меѓувреме, споделувањето на нашите ресурси со оние за кои сметате дека ќе им бидат од корист, ќе биде навистина значајно.

Имаш уште прашања?

Контактирај нѐ за повеќе инфорамции.

контакт

Контактирај нѐ

Тимот на „Родителска“ ќе ти одговори брзо.